Депресија и анксиозност: сè е во главата

Депресијата е мрачно, осамено место. За мене, чувството е како да си заглавен, да тонеш, без надеж дека ќе се спасиш. Ова е таа моја реалност од кога се сеќавам за себеси.  

За мене, депресијата е како да си заглавен, да тонеш, без надеж дека ќе се спасиш.

Посетувам психолози, земам еден куп лекарства и неофицијално сум дијагностицирана со многу работи. Во лоши денови, мислам дека сум како што би рекол еден мој лаик, ама добронамерен пријател: worrywart.

Еден од шест возрасни ќе искуси депресија во својот живот. Шансите се, ако ти немаш депресија, пријателот да се бори со неа. 

Депресијата не смее да биде игнорирана

Кога имав 6 години, имав навика да се шетам околку игралиштето во школо, борејќи се со негативните сценарија кои ми летаа во мисли. 

Моето семејство се селеше многу често, ама мислам дека не бев тажно дете. ПОраснав во здраво семејство и од мојот живот имам убави сеќавања.

Денес имам 38 години, писателка, среќно мажена со две деца. Ама се уште има денови кога мојот внатрешен свет е толку растреперен што не можам да станам од кревет. Останувам дома, со главоболка која се храни од внатрешните гласови на осуда. 

Вистинскиот живот не допушта останување во кревет цел ден. 

Во тие моменти се осеќам целосно скршено. 

Христијаните имаат развиено начин да ги доповредат повредените. Дури и јас се сметам виновна за тоа. Кога ќе сретнам некој што поминува низ тежок период, мојот прв инстинкт е да го „средам“. Ако можам јас да го „средам“ човекот, си мислам, ќе се чувствувам подобро; ќе имам нешто добро направено, и ќе продолжам со животот. 

Ама најчесто, нашите обиди да „средиме“ некој, едноставно го откриваат недостатокот да ги разбереме луѓето. 

Бог го прави спротивното од нас. 

Во Библијата, има една случка за човекот по име Илија, кој беше прогонуван од кралицата Језавела. Тој го прекоруваше Бог да му дозволи да умре. Наместо да го „среди“ него или неговиот проблем, Бог му понуди одмор. Му дозволи да спие, обезбедувајќи му храна за два дена. Подоцна, пак, си зборуваа (1 Царства 19:1-18). 

Кога Авраам, без деца и обесхрабрен седеше во својот шатор и плачеше, Бог се појави. Наместо да докажува со него, Тој му понуди надеж на Авраам додека шетаа и ги броеја ѕвездите (Битие 15:1-6).

Проблемот со депресијата е тоа кога луѓето ќе ти кажат дека сè ти е во главата, апсолутно се во право. 

Проблемот со депресијата е тоа кога луѓето ќе ти кажат дека сè ти е во главата, апсолутно се во право. Ако клетките во твојот мозок не можат да ги пренесат или примат правите сигнали за да го регулираат расположението, твоето тело може да успори, стомакот да ти се згрчи. Може да го изгубиш апетитот или да имаш поголем апетит од вообичаено. Може ќе сакаш да спиеш цело време, или нема да можеш воопшто да заспиеш, и тн. 

Депресијата и анксиозноста се толку комплексни како што се и самите човечки битија. Нема едноставно решение, а да се однесуваш како да има решение е исто како да фрлаш сол на рана. 

Ама не значи дека не можеш воопшто да помогнеш. Следните нешта научив дека се добри за мене. Можеби ќе можат да ти помогнат да се справиш со своите депресија и анксиозност, или со тие на твој пријател:  

  • Запомни, не си професионалец за ментално здравје (инаку, не сум ни јас). Не настапувај со авторитет обидувајќи се да ги средиш нештата, пријди со љубов, обидувајќи се да разбереш. 
  • Не доаѓај со заклучоци. Како што рече еден мој пријател: „депресијата е лична работа, не важи истото правило за сите во таа состојба.“
  • Покажи присутност и слушај.
  • Убеди ги пријателите дека сакаш да знаеш низ што поминуваат тие. Честопати, криеме, претпоставувајќи дека нашите внатрени битки би ги оттргнале другите од нас. 
  • Моли се. Само Бог ја знае целосната приказна. 
  • Прифати ја комплексноста. Секоја ситуација е уникатна. Она што функционира за индивидуалец, може да не функционира за друг. Лекарства, вежбање, здрава исхрана, молитва, Библијата, размислување за тоа што читаме се некои од здравите навики кои помагаат, ама пренагласување на бенефитите од едно нешто наспроти другите може да преставува проблем. Размилсувај разумно. 

* Содржината на овој текст не е наменета да акредитира или да биде замена за професионален совет, дијагноза или третман. Секогаш барај совет од професионалец во областа на менталното здравје или друг квалификуван извор за здравје, поставувај ги сите прашања што те мачат. 

Следни чекори

  • Слушај ја проповетта на Тим Келер за „Повредениот дух“ во која се задржува на комплексноста на внатрешните мисли и страста за животот. 
  • Читај охрабрителни случки и најди дополнителни извори за читање.
  • Читај за некој студент што се борел со депресија.
  • Види како тој студент ја нашол потребната помош.
Computer Icon

Ти треба некој за разговор?

Низ што и да поминуваш, зборувањето со ментор е безбеден и приватен начин да споделиш низ кои тешкотии поминуваш и да поставиш прашања. Стисни на копчето подолу, испрати ни порака и поврзај се со ментор.

(Можеш да ни пишеш и на нашата facebook страна.)