Порнографија

Зборот “sex” е најбараниот збор на Google, а и на сите останати интернет пребарувачи. Не се залажувајте дека второтo место го држи зборот “Love”, туку тоа се зборовите “adult dating”, “Porn”, “Teen sex”, “free sex” итн.

Заработувачката на бизнисмените од порнографската продукција во Америка изнесува околу 100 милијарди долари годишно и таа е поголема од заработувачката на НБА, Безболот и Хокејот заедно. Колку за споредба, Microsoft заработува 45-50 милијарди долари годишно. Холивуд снима 20 пати повеќе порно филмови од сите други жанрови заедно. Во Америка, 12 милиони луѓе се вклучени во овој “бизнис”. Тоа се околу 6 Македонии!
Алармантни бројќи зарем не? Би рекол доволни за да го привечат нашето внимание за сериозно да размислиме околу оваа медиумска поплава на 21век – порнографијата.
Сега ќе го пишам мојот негативен став за порното. Тоа е мој личен, субјективен став. Добредојден е и вашиот став, но ве молам без вулгарности или препирки.

Зборот „порно“ доаѓа од грчкиот збор „porneia“ (πορνεία) што значи блуд, блудство, проституција.
Порнографијата е снимена проституција, а злоупотребени се и малолетнички најчесто спротивно на нивната воља. Ок, кај нас ретко кој плаќа за порно, но дури и со самото тоа што ние ги отвараме тие бесплатни страни, тие добиваат на посетеност, а со тоа спонзорите плаќаат, а ние индиректно ги подржуваме порно индустриите, а со тоа и проституцијата.

Исто така во порно филмовите високо се понижува жената. Врз неа се прават најголеми гнасотии, а порно режисерите успешно се обидуваат да го наметнат тоа како “кул” и како “екстра возбудливо”. А покрај сè таа глуми уживање, со што се дава една лажна и збунувачка слика за младите.

porn-adiction
Порнографијата е порок и создава зависност. Многу помлади и постари лица се зависни од порнографија, седат до доцна во ноќта пред компјутерите или телевизорите заспиваат разочарани, стануваат уморни и ненаспани велеќи си себе си дека повеќе нема да го прават тоа. Но кога вечерта ќе дојде, повторно го прават тоа бидејќи мозокот им е зависен од таа девијантна возбуда залажувајќи се дека тоа ќе им даде задоволство, исполнување и среќа. Но потоа пак следи разочарување и утре ден пак истото. Доколку човекот што е зависен од порнографија не превземе ништо, ќе страда неговата ефективност во денот, најмногу бракот или доколку е во врска, а доколку е сингл ќе страда неговата потрага по вистински вредности кај спротивниот пол што пак ќе создава фрустрации во изборот на партнер во животот.

Најчесто мажите (иако и жените не се исклучени) кои почесто гледаат порно, свесно или не, го штимаат својот сексуален вкус согласно она што го гледале на порно филмовите и потоа мислат дека сè е како таму, притоа барајќи од својот партнер да ја глуми улогата на “другиот во играта”, заборавајќи дека и самите не се спремни да ја одиграат правилно играта на оној кого го имитираат.
sexless-man
Овие очекувања најчесто доведуваат до фрустрации во сексот, бидејќи партнерите не водат љубов, ги поттиснуваат емотивните страсти и не се бараат себеси во сексот, туку потсвесно се обидуваат да го реализираат она што го фантазирале додека го гледале порно филмот.

Според статистиките на друштвото за заштита на жените, секоја 5та жена е понижувана од својот маж. Замислете, доколку на работа имате 20 колешки, 4 од нив си легнале синоќа длабоко понижени заради тоа што нивниот маж се уфилмал дека спалната му е порно продукција и се изживљавал т.е. лечел комплексите врз својата сопруга.
Исто така, со цел порно индустриите да го збогатат својот репертоар и да бидат успешни на пазарот, нудат разно разни перверзни содржини каде што се популаризира дури и педофилија, зоофилија, секс со секакви личности, на секакви места, а особено е нагласен вонбрачниот секс, прељубата.. таа го вара со поштарот додека тој ја коси тревата.. абе ајде? А како би ви било тоа да ви го направи вашата сегашна или идна сопруга или сопруг со некој друг/а? Кога станува збор за нас, тогаш не е ни малку интересно и забавно. Но за жал речиси никој не ги гледа од таа перспектива порно филмовите, речиси никој не уклучува мозок да размисли дали е тоа добро, етички, речиси никој не се замара со содржината, со зборовите (кои не можат да бидат поглупи), туку само се уклучуваат хормоните. Три пати повторив „речиси никој“, затоа што се надевам дека сепак има луѓе што се свесни за штетното влијание на порнографијата.

Не сум убеден дека порнографијата може да има и позитивно влијание. Сметам дека таа има многу штетно влијание и кај помладата и кај постарата популација, тешко може да се научи нешто поучно за сексот од таму и сметам дека порнографијата ја убива креативноста во сексот поставуваќи еден класичен шаблон со невкусни елементи особено за жената.
Воопшто не е наивна темава и мислам дека не треба да биде табу. Ако ние не ги учиме децата, ќе ги „научи“ интернетот. Аха да, јеп, веќе ги учи.

Автор: Златко Бучкоски