Новогодишна хуманитарна Тик Ток акција

Популарните македонски тиктокери се здружија со заедничка кауза – да соберат пакетчиња за децата од бездомните и социјално загрозени семејства и да ги израдуваат за Новата година.

Во оваа акција може да учествува секој, независно дали е стар, млад, богат или сиромав. Дури и најмалото чоколатце од 10 денари, доколку е подарено од срце, ќе влее топлина во срцето и насмевка на лицето. Затоа хаштагот на оваа акција е #подарисољубов. Да подариме со љубов и да влееме искра надеж онаму каде што има очај и безнадежност. Нека знаат дека не се заборавени од сите и дека има некој кој мисли на нив во овие празнични денови. Секое дете заслужува пакетче. Можете да донирате цело пакетче или барем еден артикал од пакетче (чоколадо, бомбони, смоки, играчка, балони, чорапчиња итн.) Сите ваши донации ќе бидат дезинфицирани при приемот.

Време: 26 Декември (Сабота), 2020 година. Oд 11 до 13:30 часот.

Место: Плоштад Македонија, Скопје.

Протокол за заштита од Ковид-19:

  • Ќе бидеме во 3-4 групи по максимум 4 души, оддалечени по 6-7 метри.
  • Сите ќе бидеме со маски и секоја група ќе има средство за дезинфекција.
  • Луѓето кои ќе доаѓаат да донираат, нема да се задржуваат повеќе од 1 мин (ако дојдат повеќе одеднаш, само 5-6 секунди)
  • Ќе ги дезинфицираме и пакетчињата и артиклите кои ќе бидат донирани.

Дистрибуцијата на пакетчињата ќе биде извршена преку здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ.