9 Talks – кратки инспиративни говори
9 Talks е настан (сличен на TED Talks) организиран до сега два пати од Секој Студент. 9-ката ја означува максималната должина на говорот кој не треба да биде подолг од 9 минути.
Честопати полесно е да се спреми говор од 1 час, отколку да срочите кратка, јасна, концизна, моќна и инспиративна порака до 9 минути. Живееме во време на медиумска и информациска преплавеност каде секој медиум се обидува да го привлече вниманието на луѓето, без разлика дали е тоа ТВ, YouTube, Facebook, Instagram итн. Во трка со времето и интересите, луѓето често немаат време за долги заморни говори, текстови или видеа. Психолозите потврдуваат дека и концентрацијата и трпението на денешната генерација е значително намалена. Затоа е многу важно студентите да се тренирааат да ги срочуваат своите мисли во кратка, јасна и влијателна порака.
За таа цел пред два месеци организиравме и онлајн обука за спремање кратки инспиративни говори – предводена од Betty Easter – жена со големо искуство во говорништвото. Покрај дружењето, на крајот имаше и презентација на извонредни говори. Во прилог ви презентираме два многу инспиративни говори од сестрите Теодора Лозановска и Ангела Лозановска. Уживајте!