Интервју со младата писателка Сања Симјаноска
На светот му треба огромна количина на надеж, без граници. Сигурна сум, дека со надеж ќе ни се разбистри умот, ќе испарува злобата, ќе владее чесноста.
Која е Сања?
Доаѓам од Македонски Брод, студирам и моментално живеам во Скопје , имам 22 години.
Сања, кога започнавте со вашите први книжевни чекори?
Пишувам уште од рана возраст, на 11 години. Ја имам онаа навика, понекогаш, сè што ќе почувствувам или здогледам да го испишам со плава боја уз разиграно перо. Некој ќе додаде дека мудруваш и без потреба си се подлажуваш.
Чувствата никогаш не доаѓаат со сила, сè е од срце.
Можеби е предолг текст, или звучи клише, кој како ќе разбере. Гледаш, слушаш, чувствуваш, па имаш потреба од асал работа и така низ животната патека.
Дали во моментов работите на некое дело?
Во моментов работам на мојата втора книга, која се базира врз вистинска приказна. Во меѓувреме пишувам поеми и состави кои ги споделувам на социјалните мрежи и на мојата Facebook страна Poemi_odsrce.
Што ќе ги советувате оние што сакаат да започнат со пишување?
Пишувањето всушност не доаѓа со сила, емоциите се тие кои сами доаѓаат а потоа зборовите се нижат. Сè што навистина треба е вистинско чувство , и реченици кои ќе доловат јасна и реална слика.