Тест за проверка дали сте интроверт или екстроверт


Повеќе преферирам разговор еден на еден, отколку разговор или активност во голема група.


Повеќе сакам да се изразувам себеси со пишување.


Уживам кога сум сам/а.


Ми се чини дека се грижам за богатството, статусот и славата помалку од моите врсници.


Не ги сакам оние мали и безначајни муабети кои си принуден да ги направиш кога ќе се сретнеш со некој, повеќе сакам долг и исполнет разговор на тема која ми е важна.


Луѓето често ми велат дека сум добар слушател.


Не сакам да преземам ризици.


Уживам да работам нешто што бара целосно да ѝ се препуштам на работата без многу прекинувања.


Не сакам да кревам многу прашина околу моите родендени, и сакам да ги славам само со најблиските пријатели или членови на моето семејство.


Луѓето ме опишуваат како некој кој зборува тивко, меко и внимателно.


Не сакам да ја покажувам мојата работа или да дискутирам за истата со другите додека не е завршена.


Не сакам конфликти.


Најдобро работам сам/а.


Размислувам пред да зборувам.


Се чувствувам навистина исцрпено по некоја социјална средба, дури и тогаш кога сум уживал/а.


Често одбегнувам да ја кренам слушалката кога ѕвони телефонот.


Кога би можел/а да одберам, би одбрал/а викенд во кој немам апсолутно никакви обврски отколку викенд во кој имам премногу обврски и закажани состаноци.


Не сакам мултитаскинг.


Лесно можам да се сконцентрирам на нешто.


Преферирам лекции наспроти семинарски предавања.



Тест прашањата се превземени од: Ели Радеска www.kafepauza.mk