Важноста на емоционалниот и социјалниот развој
Човекот претставува социјално-емоционално битие. Покрај потребата за развој на сопствената интелигенција, ние имаме потреба и од развој на социјалните и емоционалните вештини и способности, како што се вештините за стекнување пријателства, способноста за ефективна комуникација, разбирање на сопствените емоции и емоциите на другите, вештините за разрешување конфликти итн.
Новите статистички податоци добиени од многубројните истражувања укажуваат на тоа дека пресудна улога за успехот на еден поединец не е неговата интелигенција ( IQ ), туку токму неговите социјални и емоционални способности. Човекот кој не знае како да оствари интеракција со луѓето околу него, ниту пак ги разбира емоциите на другите , многу тешко успева да опстане во општествено-социјалната средина и да ги оствари сопствените цели и замисли.
Преку активностите кои се дел од програмата на Секој Студент, како што се кафе-дискусиите, дебатите, семинарите за емоционална интелигенција и ефективно учење, како и забавите и студентските викенди, студентите имаат вистинска можност постојано да се надградуваат во овие две области и на тој начин да вложат во развојот и изградувањето на сопствената личност.