25 мудри цитати против озборувањето
Луѓето лесно веруваат во лошите работи кажани за добрите луѓе.
Луѓето што не се задоволни со своите животи, се преокупирани со дискутирање на туѓите.
Кој озборува пред тебе, ќе озборува и за тебе.
Озборувањето обично се базира на лаги и желбата на некој да се чувствува подобро преку понижување на другите.
Озборувањето и лажењето одат рака под рака.
- Големите умови дискутираат за идеи.
- Просечните умови дискутираат за настани.
- Малите умови дискутираат за луѓе.
И озборувањето е грев за кој човек може да се покае и да биде простен.
Откако ќе ме озборуваш, помоли се за мене да бидам светец како тебе.
Не го суди мојот пат, бидејќи не го чекореше во моите чевли.
Ти си она што излегува од твојата уста.
Создади си навика да ги прекинуваш дискусиите што деградираат или оцрнуваат некого.
Повеќе корист ќе имаш ако ги коментираш своите недостатоци, отколку туѓите.
Изговорените зборови не се враќаат назад.
Љубопитноста ја уби мачката.
Никој не озборува за тајните доблести на другите луѓе. (Бертранд Расел)
Ако не можеш да кажеш нешто убаво, подобро не кажувај ништо. (Езоп)
Озборување е она што го збориш зад нивниот грб, а не пред нив. Ласкање е она што го збориш пред нив, а не за зад нивниот грб.
Тест за озборување:
- Дали би го кажал истото во негово/нејзино присуство?
- Дали ја љубам и подигнувам личноста за која зборувам или ја мразам и буткам надоле?
- На кој начин ова што го зборам допринесува за изградување на личноста?
Следниве се од Светото Писмо (Библијата):
Јазикот е мал орган, но се фали со големи работи. Мал оган што големи шуми запалува. (Ап. Јаков)
Устата зборува од она што го преполнува срцето. (Исус Христос)
Грижете се да живеете мирно и да си ја гледате својата работа (Ап. Павле)
Не го онечистува човекот она што влегува во неговата уста, туку она што излегува од неа. Она што излегува од устата, произлегува од срцето и тоа го онечистува човекот. (Исус Христос)
Секаков вид на диви животни се скротуваат и биле скротени од човекот, но никој од луѓето не може да го скроти јазикот – тоа немирно зло, полно со смртоносен отров. (Ап. Јаков)