СПРЕМНИ ЛИ СТЕ
ДА ЗАПОЧНЕТЕ
СО СВОЈАТА
ВНАТРЕШНА ПОТРАГА?
СПРЕМНИ ЛИ СТЕ
ДА ЗАПОЧНЕТЕ
СО СВОЈАТА
ВНАТРЕШНА ПОТРАГА?
Овој проект одговара на прашањето: „Кој сум?”,
на тој начин што:
  • Целите кои ќе ги поставите се ваши, а не наметнати од менторот.
  • Ќе го разберете изворот на своите постапки.
  • Ќе имате јасна слика за тоа во која насока се движите кон иднината.
  • Ќе ги видите своите вредности.
  • Ќе имате сигурност во својот светоглед.

Човекот не е само живо суштество во општеството, кое треба само да ги задоволи своите животни потреби, туку е и длабока и единствена личност која се состои од верувања, вредности и принципи кои влијаат на тоа кој е и што е негова суштина.

Која е причината да си таков каков што си? Зошто и во што се разликуваш од другите? Која ти е целта и повикот во животот? Итн. Ќе можеш да одговориш на овие прашања доколку дознаеш повеќе за твојот светоглед.
ГЛАВНАТА ИДЕЈА НА ПРОЕКТОТ „КОЈ СУМ?“
Човечкото битие не е само живо суштество кое функционира во општеството и ги задоволува своите животни потреби, туку и својот длабок и комплексен идентитет; битие кое има свои верувања, вредности и принципи кои ја дефинираат нашата суштина. Трите елементи на личноста се: однесување, карактер и светоглед и сите овие се претставени преку авокадото.

  1. Надворешен составен елемент е лушпата. Ние се оценуваме себеси и другите преку нашите дела и емоции (лушпата од авокадото) со тоа што одредуваме дали е незрело, расипано, или се јаде. Надворешниот дел нема капацитет да даде целосна слика на состојбата на овошјето. За да го видиме тоа, мора да погледнеме подлабоко.
  2. Внатрешниот дел е пулпата. Го цениме авокадото баш по пулпата. Тоа е делот што се јаде. Содржи многу витамини и има вкус што на повеќето ни се допаѓа. Во споредба со човекот, може да кажеме дека тоа е нашиот карактер, делот од нашиот карактер со кој другите нè поврзуваат.
  3. Центарот на личноста е семката. Кожата и пулпата на авокадото нема да бидат тоа што се без семката, која поттикнува раст, зрелост, интегритет, или расипаност на целото овошје. Нешто слично кај човекот е светогледот. Тоа ги вклучува следните работи: како го разбираме и како комуницираме со светот, а тоа е основата на нашата личност. Ако сакаме да се разбереме себеси и да смениме нешто на подобро, мора да гледаме подлабоко на работите околу нас.

„Кој Сум?“ проектот е дизајниран да ги разгледа сите три дела. Заради тоа, потребни се и трите средби...
Прва средба
На првата средба поминуваме еден интересен фото квиз и преку тоа гледаме како го перцепираме светот околу нас.
Втора средба
На втората средба користиме DISC тест и дискутираме за карактерните црти и особености.
Трета средба
На третата средба, ве водиме низ интерактивен квиз - Светогледи со цел да го одредиме вашиот светоглед и потоа се запознаваме подлабоко разговарајќи за нашите светогледи.
Спремни ли сте да тргнете по својата внатрешна потрага?



Контакт:
FB/Insta: Секој Студент

E-mail: info @ sekojstudent.org
Започнете со вашата внатрешна потрага