Преку Секој Студент успеав да ги согледам сите аспекти на мојата личност и да обрнам внимание на оние кои најмалку успеале да се развијат. Многу ми помогна тоа што планот за личен развој е направен на тој начин што сама можам да ги пронајдам сопствените недостатоци и на соодветен начин да работам на истите.
– Марија Хана Трајкоска
Со Секој Студент се запознав преку колешка од факултет. Со неа имав исти теми на разговор, поврзани со Библијата. Таа ми кажа дека има Библиска група каде што луѓето меѓусебно се дружат и ја обработуваат Библијата. На почетокот се мислев дали да дојдам, дали доволно знам, а исто така внимавав да не бидам заведен или излажан. Сепак, на крајот одлучив да присуствувам на едно Библиско проучување со нив. Кога додов тие беа многу гостопримливи и после првата средба решив пак да дојдам. Така, продолжив да присуствувам и до ден денес. Дискусиите и разговорите на одредени духовни теми ми помогнаа да го раширам знаењето и да ми се разјаснат некои работи. Тоа што се запознав со луѓе кои се заинтересирани за истото, дружејќи се и проучувајќи ја Библијата со нив, многу ми помогна.
~ Станислав
Секој студент најмногу ми помогна да се развивам во социјалната област, односно поголема интеракција со останатите луѓе, вклученост, размена на контакти, инволвирање во дискусии, презентирање, друштвени игри, настани при што сето тоа придонесе за подобри комуникациски вештини, остварување нови пријателства итн. Втората област е духовната, бидејќи ми помогна во потемелно и детално проучување на Библијата, разјаснување на нештата кои се темел на нашата вера но и интензивно и секојдневно поминато време во молитва која и те како е неопходна за секојдневно здраво функционирање.
– Кристина Ковачевска
Кога се преселив во Скопје, единствено место каде се чувствував како дома беше ‘секој студент’ и сите луѓе кои ги запознавав таму. Секој студент ми помогна подлабоко да размислам која сум јас, која е смислата на мојот живот и ме потикна за ја запознаам подобро Верица и нејзината улога во играта наречена живот. Планот за личен развој, поставувањето цели и стратегиите за исполнување на истите ме изградија во подобра личност. И најбитното од сѐ ова наведено е тоа што ми помогнааи да и дадам значење на духовната област и да го пронајдам Бог, затоа што без неа или без некоја друга област на кои работи самата организација не сме комплетно изградени. Моето искуство со ‘секој студент’ е прекрасно и посакувам сите да го искусат на своја кожа.
– B.С.
Здраво дечки , сакам да споделам едно кратко искуство со вас. Во Секој Студент сум скоро 1 година волонтер(стигнав до контакт со нив преку тоа што правеа планови за личен развој со цел да им помагаат на студентите). Прекрасно е да правиш нешто со цел да им помагаш на другите и да не бараш надомест , чисто онака од се срце , како што и останатите вработени и волонтери ме научија.
На социо-емоционалната област се изградив така што почнав да одам на кафе дискусии и да комуницирам со повеќе луѓе и да правам разговори за понатамошни планови , за корисни работи, за изградба на нашата личност , а не за работи кои немаат цел и смисла , како што и ми беше до дотогашниот систем на образование и воспитување. Најбитно е што разговарав со луѓе кои се желни да те сослушаат.
На интелектуалната област се изградив со тоа што преку презентации и разговори научив да поставувам цели, да си поставам приоритети во животот и да имам доволно време за се.
Додека пак и за физичката област ке дојдеш до некој кој ке те мотивира да не се откажуваш и да го одржуваш телото во здрава состојба.
И како најбитна за мене е духовната област во која бев мотивирана да го најдам изворот на духовна храна и да бидам целосна. Почнав редовно да читам Библија и да бидам дел од библиски групи кои навистина се интересни.
– Ана Паноска, Студентка на Правен факултет “Јустинијан Први” -Скопје
Sekoj Student e edna prekrasna organizacija koja sto postijano sorabotuva so studentite i im pomaga da go iskazat svoeto mislenje za najrazlicni temi. Mene licno organizacijata Sekoj Student mi se dopagja premnogu, osobeno poradi faktot sto lugjeto sto volontiraat vo organizacijata se sekogas spremni da odvojat vreme za bilo kogo i da e. Tie preku vzaemna komunikacija i sorabotka so studentite im pomagaat da se razvijat na cetiri osnovni oblasti sto se mnogu bitni za sekoja licnost. Jas im blagodaram mnogu sto bea tuka za mene i sto mi pomognaa da najdam odgovor na prasanjata sto me interesiraa, no nemav uspeano sama da najdam odgovor.
– Н. Т.