Како работи оваа техниката?
Оваа апликација е според „Помодоро техниката“ за менаџирање на времето за продуктивно и ефективно учење или работа. Непланираните паузи ги нарушуваат концентрацијата и ефикасноста при учењето, но планираните ги зголемуваат. Главната поента на помодоро техниката е да имате непречено, фокусирано и ефективно време на учење со испланирани паузи.
ЧЕКОРИТЕ СЕ ЕДНОСТАВНИ:
- Постави си цел: Колку сесии ќе ти требаат за да ја постигнеш целта?
- Постави го Помодоро тајмерот на (препорачано) 25 минути
- Работи на задачата додека не заврши тајмерот
- Стани и земи мала пауза (5 минути)
- После секои 4 сесии, стани и земи голема пауза (10 минути)
ВАЖНО:
- Додека учиш/работиш не отварај фејсбук, инста, твитер, емаил итн. Остави ги за паузата.
- За време на пауза, стани, раздвижи се, релаксирај се.
- Ако некој те бара за време на сесија, кажи му дека си зафатен и ќе го бараш на паузата.
- Прави ги овие работи со војничка дисциплина!
×