Семинар за Емоционална Интелигенција

 

Што е емоционална интелегенција?

Емоционалната интелегенција е нашата способност да се справуваме со сопствените емоции на разумен (интелигентен) начин. Со едно заедничко истражување на Харвард и Стенфорд универзитетите било утврдено дека само 15% од успехот се должи на менталната интелегеницја (IQ), а 85% на EQ – емоционалната интелегенција.

Зошто е важна емоционалната интелегенција?

Менталната интелегенција, или IQ, е само еден дел од тоа кои сме. EQ (Емоционалната интелегенција) вклучува зголемување на нашето самосознание и се однесува на тоа како ние ги процесираме стравот, гневот, вознемиреноста и други потиснати емоции кои доколку не ги изменаџираме правилно, можат да испловат на површина и да влијаат врз нашето расположение, психа, односи со луѓето итн. Луѓето со одлична емоционална интелегенција имаат добро самосознание и се свесни за влијанието кое го имаат нивните емоции кај нив самите и кај другите околу нив. Добрата емоционална интелегениција се покажува во способноста на една личност добро да разрешува конфликти, да се справува со навредливи удари и да слуша со емпатија. Двете широки категории на EQ се личната способност и социјалната (друштвена) способност. Личната способност вклучува самооценување, самосознание и самоконтрола. Социјалната (друштвена) способност ги вклучува социјалните вештини и вештините за слушање.

Што вклучува EQ семинарот?

Семинарот се состои од три дела. Два дена (Петок и Сабота од 13ч до 18ч) се предавањата и интерактивните игри. А третиот дел е едночасовно менторство каде што се прави план за личен развој. Семинарот им дава можност на учесниците да се развиваат во однос на личното самосознание, да научат како да се справуваат поефективно со своите емоции и да ги подобрат своите меѓучовечки комуникациски способности. Ова се дел од темите кои ќе бидат покриени на предавањата:

 

  • Што е емоционална интелигенција?
  • Самосознание
  • Емоционално самосознание
  • Ефективна комуникација
  • Разрешување на конфликти
  • Приспособување и справување со стрес
  • Процес на личен развој


Каде и кога ќе биде семинарот?

10ти и 11ти Февруари (Петок и Сабота), двата дена од 13ч до 18ч. (вклучени се и кафе паузи). Првиот ден (Петок) мора да дојдете половина час порано (12:30) за да се регистрирате. Едночасовното менторство за изработување на план за личен развој ќе биде следната недела, а за точен ден и час ќе се запишете на самиот семинар.
Семинарот ќе се одржи на Филолошкиот Факултет при УКИМ., во Амфитеатар 3.

Како да се регистрирам?

Семинарот е само за СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ и тие учествуваат со симболична партиципација од 150 денари. Цената е вкупна т.е. за двата дена. Во оваа цена влегува и работната тетратка, сертификатот, кафињата на паузите итн.
Секој присутен ќе добие сертификат, план за личен развој и едночасовно лично менторство.

Превземете ги следниве тестови доколку сакате да го евалуирате вашиот EQ. Test1 и Test2 Пожелно е да ги имате направено пред почетокот на семинарот.
Откако ќе ја завршите регистрацијата подоле и уплатите сумата од 150ден на наведената уплатница, добредојдени сте во Петок во 12:30 часот во Амфитеатар 3 на Филолошкиот факултет при УКИМ. Регистрацијата ќе трае од 12:30 до 13ч.