Изминати дискусии и форуми
Дискусии
На кафе дискусиите, во групи дискутираме и одговараме на прашања за најразлични современи, суштински и интересни теми, а истовремено се забавуваме. За тоа време можеме да ги оформиме и размениме своите мислења за тие теми, да научиме нешто повеќе и да се дружиме. Гледаме кратки видео клипови и скечови, играме игри, слушаме песни и сл.
Досегашни теми :
- “Љубовта и врските”
- “Маски”
- “Чашата – полупразна или полуполна?”
- “Среќни луѓе”
- “Безусловна љубов – реалност или мит?”
Форуми
На форумите дискутираме за актуелни, интересни и релевантни теми. Истите ги одржуваме бидејќи сметаме дека е важно ние, студентите, да го искажеме своето мислење за работите што не засегаат, а воедно тоа е и време во кое се дружиме, забавуваме и склопуваме нови познанства и пријателства. Истовремено ги усовршуваме нашите ораторски способности, вежбаме да бидеме јасни, кратки и концизни, да ги срочуваме нашите аргументи во ограничени временски рамки и учиме да го почитуваме туѓото мислење.
Досегашни теми: