За Нас

Студентите се идните водачи. Тие ќе го променуваат светот во согласност со нивните убедувања, верувања, вредности, креативни идеи, знаења и вештини, кои во голема мера ќе ги стекнат за време на студирањето. Како студент се наоѓаш на пресвртна точка во твојата животна приказна. Има поглавја на твојот живот кои допрва ќе бидат напишани. Кое е твоето следно поглавје? Ќе вреди ли за нешто? Како можеш да знаеш?

„Секој Студент“ е студентско движење. Ние сме свесни дека знаењето е сила и моќ. Токму затоа е од суштинска важност за општеството таа сила и моќ да биде сконцентрирана во луѓе кои се изградени личности и карактери. Ако знаењето, а со тоа и силата и моќта, бидат во рацете на луѓе кои сето тоа ќе го злоупотребат тогаш тоа е еднакво на општествено самоубиство. Поради тоа „Секој Студент“ се стреми кон изградба на личноста и карактерот на идните водачи (студентите). Стивен Кови, авторот на „Седумте навики на најефективните луѓе“ објаснува дека ние како индивидуи треба да се изградуваме во четири основни области:

Наша желба е студентите да бидат изградени во сите споменати четири области. Особено сметаме дека треба да се посвети внимание на духовниот и интелектуалниот аспект бидејќи тоа е од суштинска важност за развој на личноста. Тоа што личноста го верува и како размислува, во најголема мера ќе ги обликува нејзиниот карактер, вредности и приоритети. Од тоа ќе зависи и какво ќе биде нејзиното влијание во и на општеството.

 

„Секој Студент“ е студентско движење кое е комплементарно со универзитетите. Зошто? Студирањето на некој универзитет самото по себе не нуди одговор на најсуштинските животни прашања, не не’ припрема доволно за животот во реалниот свет после дипломирање и не може да обезбеди квалитетна изградба на личноста и карактерот. Универзитетите преку наставните програми не се обидуваат да дадат одговор на најважните животни прашања како: „Што значи да се биде човек?“, „Како да ги поставам вистинските цели во животот?“, „Зошто има зло и страдање?“, „Дали животот има некоја смисла?“, „Што по смртта?“ „Што значи да се има квалитетен, успешен и исполнет живот?“ Една студија направена на универзитетот UCLA во САД покажува дека над 50% од студентите кои се запишуваат во прва година се надеваат да ги истражат и дефинираат нивните верувања за време на студиите. Но и покрај ова во предавалните и амфитеатрите многу ретко им се дозволува на студентите да се вклучат во разгледување на прашања за смислата, целта или верата.

 

Поради игнорирањето на овие прашања од страна на универзитетите тие не успеваат за студентите да создадат целосен, кохерентен, поглед на светот. Затоа, за многу студенти е тешко да го интегрираат нивното академско знаење со реалниот живот.

„Секој Студент“ ја пополнува оваа празнина. Ние сакаме да создадеме средина во која ќе се истражува живот кој е вреден за живеење. Сакаме студентите да излезат од студии со јасност за животот и со надежна визија за нашиот свет.

„Секој Студент“ е студентско христијанско движење кое работи во цел свет. Основано е на Универзитетот UCLA во САД 1951 година под името Campus Crusade for Christ. Моментално има над 25 000 вработени и уште илјадници волонтери и студенти кои помагаат во работата. Делува во над 190 земји во светот, а во Македонија почна со работа во 1998 година.

 

За остварување на целите организираме повеќе активности:

  • семинари (за ефективно учење, за емоционална интелигенција)
  • кафе дискусии
  • трибини
  • форуми
  • спортски активности
  • истражувања на Библијата (со цел да се разбере нејзината основна порака и да се согледаат принципите на кои се темели здрава личност и водач)
  • лични менторства (правење на план за лична изградба и следење на прогресот)
  • студентски викенди
  • летни проекти
  • интернационални проекти, конференции
  • разни обуки
  • и многу други забавни активности кои го освежуваат, надградуваат и го прават незаборавно вашето студирање.