7те навики на високо ефективните луѓе

Во бестселерот број 1 на СТИВЕН Р. КОВИ (STEPHEN R. COVEY), тој ги претставува контурите за лична ефективност. Седумте навики на високо ефективните луѓе го презентира пристапот „одвнатре нанадвор“ за ефективност кој се фокусира на принципи и карактер. „Одвнатре нанадвор“ значи дека промената почнува да се случува внатре во човекот. Нашиот карактер е збир од навики, а навиките имаат моќна улога во нашиот живот. Навиките се состојат од знаење, способност и желба. Знаењето ни дозволува да знаеме што да правиме, способноста ни дава можност да знаеме како да го направиме тоа, а желбата е мотивацијата за да го направиме тоа. Седумте навики нè придвижуваат кон следните етапи:
1. Зависност: Парадигмата под која сме родени, потпирајќи се на други кои се грижат за нас.
2. Независност: Парадигмата под која ние самите можеме да донесуваме одлуки и да се грижиме самите за себе.
3. Меѓусебна зависност: Парадигмата под која соработуваме со други луѓе за да можеме да постигнеме нешто што не може да се постигне независно од другите.

Многу од денешната литература за успех има склоност да ја вреднува независноста, охрабрувајќи ги луѓето да бидат слободни да си го прават своето. Реалноста е дека ние сме меѓусебно зависни (со другите луѓе) и дека независниот модел не е оптимален за користење во околина со меѓусебна зависност која има потреба од водачи и тимски играчи.
За да го направите изборот да бидете меѓусебно зависни, прво морате да бидете незвисни, затоа што зависните луѓе сеуште ја немаат развиено карактеристиката на меѓусебна зависност. Затоа првите три навики се фокусираат на господарење со себеси, што е постигнување на лични победи и потребно е да се премине од зависност кон независност.

Седмата навика е навика на обновување и континуирано подобрување, т.е. градење на нечија сопствена споособност за продуктивност. Да се биде ефективен, мора да се најде соодветна рамнотежа помеѓу реалната продуктивност и подобрувањето на нечија способност за продуктивност. СТИВЕН КОВИ, ја ислустрира оваа поента со приказната за гуската и златното јајце.
Во приказната, гуската на сиромашниот фармер почнала да снесува по едно златно јајце секој ден и фармерот наскоро станал богат. Тој исто така станал и алчен и претпоставил дека гуската сигурно има уште многу златни јајца во неа. За да ги добие сите златни јајца наеднаш, тој ја заклал гуската. И кога ја отворил, открил дека таа не е полна со златни јајца. Лекцијата е дека ако некој се обидува да максимизира моментална продуктивност не земајќи ја предвид способноста за продуктивност, тогаш способноста ќе биде изгубена. Значи, ефективноста е функција две променливи, продукција и способност за продукција.
Потребата за рамнотежа помеѓу продукцијата и способноста за продукција се применува во физичкиот, финансискиот и човечкиот капитал. На пример, во организација, личноста која е одговорна за одредена машина, може да ја зголеми моменталната продуктивност на машината со поместување на закажаното одржување за понатаму. Како резултат на зголеменото производство, оваа личност може да биде наградена со унапредување. Како и да е, зголеменото моментално производство се случува на сметка на идното производство, затоа што подоцна на машината ќе ѝ биде потребно повеќе одржување. Личноста која ќе ја наследи оваа ситуација може да биде дури и обвинета за неизбежното намалено производство и зголемени трошоци за одржување на машината.
Лојалноста на поторошувачите е исто така фактор на кој се применува рамнотежата помеѓу производството и способноста за производство. Некој ресторан може да има добра репутација за сервирање на одлична храна, но сопственикот ќе одлучи да ги намали трошоците и ќе го намали квалитетот на храната. Веднаш профитот ќе се зголеми, но наскоро ќе се расипе репутацијата на ресторанот, ќе се изгуби довербата кај потрошувачите и профитот ќе се намали.
Ова не значи дека само капацитетот на продукција е важен. Ако некој само гради капацитет, но никогаш не го користи тогаш ќе нема производство. Постои баланс помеѓу градењето на капацитет на производство и фактичкото производство. Пронаѓањето на правилното рамнотежа е од централно значење за ефективноста на некој човек.


Навика 1: Биди проактивен

Твојот живот не случува тукутака. Без разлика дали ти го знаеш тоа или не, твојот живот е внимателно дизајниран од тебе. Изборите кои ги правиш сепак се твои. Ти избираш да си среќен. Ти избираш да си тажен. Ти избираш одлучност. Ти избираш несигурност. Ти избираш успех. Ти избираш неуспех. Ти избираш храброст. Ти избираш страв. Само запомни дека секој момент, секоја ситуација ти дава нов избор. И во секој нов избор имаш совршена шанса да ги направиш работите поинаку за да произведеш повеќе позитивни резултати.
Навика 1: Биди проактивен е во врска со превземањето на одговорност за твојот живот. Не можеш да продолжиш со тоа што ќе префрлуваш вината на твоите родители или баби и дедовци. Проактивните луѓе препознаваат дека тие се „способни да реагираат, да дадат одговор = одговорни“. Тие не ја префрлаат вината на генетиката, околностите, условите или условувањето за нивното однесување. Тие знаат дека тие самите го избираат своето однесување. Реактивните луѓе, од друга страна, се често пати под влијание на нивната физичка околина. Тие наоѓаат надворешни извори на кои ќе ја префрлат вината за сопственото однесување. Ако времето е добро, тие се чувствуваат добро. Ако не е добро, тоа влијае на нивниот став и однесување и ја префрлаат вината на времето. Сите овие надворешни сили дејствуваат како стимули на кои ние реагираме. Помеѓу стимулот и реакцијата стои твојата најголема моќ – ти имаш слобода да ја избереш својата реакција. Една од најважните работи што ги избираш е тоа што ќе кажеш. Твојот јазик е добар показател за тоа како ти се гледаш себеси. Проактивниот човек уптребува проактивен јазик – можам, јас ќе, јас повеќе сакам… итн. Реактивниот човек уптербува реактивни зборови – не можам, морам, само ако… Реактивните луѓе веруваат дека тие не се одговорни за своите зборови и дела – тие немаат избор.
Наместо да реагираме на околностите или да се грижиме во врска со иститe, а кои имаат многу малку или воопшто немаат контрола над нас, проактивните луѓе го фокусираат своето време и енергија на работи врз кои имаат контрола. Проблемите, предизвиците, и можностите со кои се соочуваме спаѓаат во две области – – Круг на Грижи и Круг на Влијание.
Проактивните луѓе ги фокусираат своите напори на навниот Круг на Влијание. Тие работат на нештата за кои можат да направат нешто: здравје, деца, проблеми на работа. Реактивните луѓе го фокусираат својот напор на кругот на грижи – работи на кои имаат многу малку или никакво влијание: задолженоста на државата, тероризамот, времето. Здобивањето свесност за областите во кои ја трошиме својата енергија е голем чекор во станувањето на проактивна личност. Промената почнува одвнатре и високо ефективните личности донесуваат одлуки за да си го подобрат животот преку работите врз кои имаат влијание, а не едноставно да реагираат на надворечните сили.


Навика 2: Почни со крајот на умот

Значи, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Ова прашање може да изгледа малку банално сега, но размислувај малку за тоа. Дали ти – сега – си оној кој сакаш да бидеш, оној за кој си сонувал дека ќе бидеш, го правиш она кое што си сонувал дека ќе го правиш? Биди искрен. Понекогаш луѓето се наоѓаат себеси како постигнуваат победи кои се празни – постигнат успех на сметка на работите кои им биле многу поважни. Ако твојата скала не се потпира на вистинскиот ѕид, тогаш со секој чекор ти си поблизу до местото на кое не сакаш да бидеш.
Втората навика се заснова на фантазијата – способноста го да визуелизараш во својот ум она што не можеш да го видиш во моментот со своите очи. Таа се заснова на принципот дека сите работи се создадени два пати. Постои ментално (прво) создавање и физичко (второ) создавање. Физичкото создавање го следи менталното, како што зградата го следи проектот за градење. Ако не направиш свесен напор да се визуелизираш кој си ти и што сакаш во животот, тогаш ти им даваш моќ на другите луѓе и на околностите да те обликуваат тебе и твојот живот. Се работи за тоа да се поврзеш повторно со сопствената уникатност и потоа да се дефинираат личните, моралните и етичките црти кои ти можеш радосно да ги изразиш и да се исполниш себеси. Почни со крајот на ум значи да го почнеш секој ден, секоја задача или проект со јасна визија за твојата посакувана насока и дестинација и потоа да продолжиш со работата на проактивните мускули за да стигнеш до крај.
Еден од најдобрите начини да ја примениш навиката 2 во твојот живот е да развиеш лична мисиска изјава. Таа се фокусира на она што сакаш да бидеш и што сакаш да правиш. Тоа е твојот план за успех. Тоа повторно потврдува кој си, ги става во фокусот твоите цели и ги придвижува твоите идеи во реалниот свет. Твојата лична мисиска изјава те прави водач на сопствениот живот. Ти самиот си ја создаваш судбината и ја осигуруваш иднината која што си ја замислил.
Развиј лична мисиска изјава фокусирана на принципи. Прошири ја личната мисиска изјава во долгорочни цели засновани на личните принципи.


Навика 3: Стави ги првите работи на прво место

За да живееш поизбалансиран живот, треба да сфатиш дека во ред е и ако не направиш сè што ќе излезе можност да направиш. Нема потреба да се растргнуваш себеси. Треба само да сфатиш дека во ред е да кажеш „не“ кога е потребно и да се концентрираш на твоите најголеми приоритети.
Навиката 1 вели: „Ти си одговорниот. Ти си создавачот.“ Да се биде проактивен е по твој сопствен избор.
Навиката 2 е во врска со првата или менталната креација. Да почнеш имајќи го крајот на ум значи да имаш визија. Навиката 3 е втората или физичката креација. Оваа навика се случува кога се спојуваат навиките 1 и 2. Оваа навика се случува секојдневно, момент по момент. Тука станува збор за многу од прашањата што се однесуваат на управување со времето. Но, не се работи само за тоа. Навиката 3 се однесува на управување со животот исто така – твојата цел, вредностите, улогите и приоритетите. Што се „првите работи“? Првите работи се оние работи кои ти лично најмногу ги вреднуваш. Ако првите работи ги ставаш на прво место, тогаш ти си ги организираш и управуваш со времето и настаните според твоите лични приоритети што си ги поставил во навиката 2.
Помини некое време размислувајќи за она што се вклопува во твојата лична мисија, набљудувајќи ја правилната рамнотежа помеѓу продукцијата и градењето на способност за продукција. Идентификувај ги клучните улоги кои ги имаш во животот и создај си време за секоја од нив.


Навика 4: Размислувај за win-win решение

Да размислуваш win-win не значи да бидеш фин, ниту пак е некоја „инстант“ техника. Тоа е код за човечка интеракција и соработка, базиран на карактерот. Повеќето од нас учиме да ја засноваме сопствената вредност преку споредба и натпревар. Мислиме дека ние сме успеале ако некој друг не успал – значи ако јас победам, ти губиш или ако ти победиш, јас губам. Така животот станува една игра на сè или ништо. Има само толку од погачата и ако ти добиеш поголемо парче, тогаш ќе има помалку за мене; тоа не е фер, и јас ќе гледам ти да не добиваш повеќе. Сите ние ја играме оваа игра, но дали е навистина забавна?
Win-win го гледа животот како арена за соработка, а не за натпревар. Win-win е поставување на умот и срцето што постојано бара заедничка корист во сите човечки интеракции. Win-win значи договор или решение кое е од заедничка корист и заедничо задовослство. Значи, и двајцата ќе јадеме од погачата и ќе биде многу вкусно! Личност или организација која пристапува на конфликтите со win-win став, поседува три витални карактеристики:
1. Интегритет: остани до своите вистински чувства, вредности и одговорности.
2. Зрелост: изразувај ги своите идеи и чувства со храброст и земајќи ги во обзир идеите и чувствата на другите.
3. Менталитет на изобилство: верувај дека има многу за секого.

Многу луѓе мислат со термините или/или: Или си фин или си груб. Со победи/победи може да се биде и двете. Тоа е балансирачки акт помеѓу храброст и обзирност. Да бараш win-win решение, не мораш само да бидеш сочувствителен, туку треба да бидеш и полн со самодоверба. Не треба да бидеш само обзирен и чувствителен туку треба да бидеш и храбар. Да го направиш тоа – да постигнеш баланс помеѓу храброста и обзирноста – тоа е суштината на вистинската зрелост и е основата за win-win. Барај договори и врски кои ќе бидат взаемно од корист. Во случаи каде win-win решение не може да се постигне, тогаш прифати го фактот дека да не се дојде до решение можеби е најдобрата алтернатива.


Навика 5: Размислувај прво како да разбереш а потоа да бидеш разбран

Комуникацијата е најважната способност во животот. Поминуваш години учејќи како да пишуваш и читаш и години учејќи како да зборуваш. Но, што е со слушањето? Каква обука си имал што ти овозможува да станеш слушател кој вистински, длабоко разбира друг човек? Веројатно никаква, така?
Ако си како повеќето луѓе, тогаш сигурно прво сакаш да бидеш разбран; сакаш да ти ја разберат поентата на тоа што го кажуваш. Правејќи го тоа, може целосно да ја игнорираш другата личност, може да се преправаш дека слушаш, можеш селективно да слушаш само одредени делови од разговорот или внимателно да се фокусираш само на изговорените зборови, но сосема да го пропуштиш нивното значење. Зошто се случува ова? Бидејќи повеќето луѓе слушаат со намера да одговорат, а не за да разберат. Се слушаш самиот себеси како го што подготвуваш во умот она што сакаш да го кажеш, прашањата што сакаш да ги поставиш итн. Сè што слушаш го филтрираш преку твоите лични искуства. Она што го слушаш го споредуваш со својата автобиографија и гледаш како се вклопува. Како последица на тоа, пред време одлучуваш што мисли другата личност пред тој/таа да заврши со зборувањето. Дали нешто од ова ти звучи познато?
„Знам точно како ти е. И мене ми беше исто. И мене ми се случи истата работа. Дозволи ми да ти кажам како постапив во сличната ситуација.“
Бидејќи премногу често слушаш автобиографски, имаш тенденција да одговараш на еден од следниве четири начини:
Оценувачки: Пресудуваш и потоа се согласуваш или не се согласуваш.
Прашувајќи: Поставуваш прашања од твоето лично искуство.
Советувајќи: Даваш совет и решение за проблемите.
Толкувајќи: Ги анализираш мотивите и однесувањето на другите врз основа на твоето лично искуство.

Можеби велиш: „Еј почекај малку. Само се обидувам да се поврзам со личноста користејќи ги моите искуства. Зарем е тоа лошо?“ Во некои ситуации, автобиографскиот одговор може да е соодветен, како на пример, кога некоја личност, конкретно бара помош од твоја гледна точка или кога веќе има високо ниво на доверба во врската. Стивен Кови ја претставува оваа навика како најважниот принцип на меѓусебните врски. Ефективното слушање не е само ехо на она што го кажала другата личност преку леќите на сопственото искуство. Напротив, тоа е ставање на себеси во перспективата на другата личност, емпатично слушајќи ги чувствата и значењето.


Навика 6: Произведи синергија

Едноставно кажано, синергија значи дека „две глави размислуваат подобро од една“. Синергија е навика на креативна соработка. Тоа е тимска работа, отвореност на умот и авантура на пронаоѓање на нови решенија за стари проблеми. Но, тоа не се случува само по себе. Тоа е процес и преку тој процес луѓето ги ставаат сите свои лични искуства на маса. Заедно тие можат да произведат многу подобри резултати отколку што би можеле поединечно. Синергијата ни дозволува заеднички да откриеме работи кои тешко би ги откриле самите. Тоа ја претставува идејата дека целото е поголемо отколку збирот на поединечните делови. Еден плус еден е еднакво на три, шест или шеесест – зависи од тебе.
Кога луѓето почнуваат да имаат вистинска интеракција и се отворени за меѓусебно влијание, тогаш почнуваат да добиваат нови видици. Колку поголеми разлики постојат меѓу личностите и размислувањата, толку се зголемува и способноста да се најдат нови пристапи.
Вреднувањето на разликите е тоа што ја покренува синергијата. Дали навистина ги вреднуваш менталните, емоционалните и психолошките разлики меѓу луѓето? Или сакаш сите да се сложуваат со тебе за ти да се сложуваш со нив? Мнозина погрешно ја заменуваат едноличноста за единство. Тоа е едноставно здодевно! Разликите треба да се гледаат како јаки страни, а не како слабости. Тие му даваат шмек на животот.
Низ комуникација исполнета со доверба, пронајди начини како да ги избалансираш индивидуалните разлики за да постигнеш една целина која е поголема од збирот на нејзините делови. Преку взаемна доверба и разбирање може почесто да се решат конфликтите и да се најде подобро решение отколку кога истото би се добило само преку една личност.


Навика 7: Наостри ја пилатa

Да се изостри пилата значи да се сочува и збогати најголемото нешто што го имаш – самиот себе. Тоа значи дека треба да се има избалансирана програма за личен растеж во 4 области од животот. Физички, социјално / емотивно, ментално и духовно. Еве неколку примери за активности:

Физички: Разумно јадење, вежбање и одморање
Социјално/Емотивно: Остварување на социјални и осмислени врски со другите
Ментално: Да се учи, чита, пишува и поучува
Духовно: Да се поминува време во природа, да се развива духовно преку медитација, музика, уметност, молитва и богослужба.

Како што се обновуваш себеси во секоја од овие 4 области така создаваш растеж и промена во својот живот. Со изострување на пилата остануваш свеж и можеш да продолжиш со примена на другите 6 навики. Го зголемуваш и сопствениот капацитет да даваш резултати и да се справуваш со предизвиците пред тебе. Без ваквата обнова, телото слабее, умот размислува механички, чувствата се отапени, духот е нечувствителен и личноста е себична. Не звучи баш добро, нели?
Добросостојбата на личноста не се случува преку ноќ. Да се живее избалансиран живот значи да се одвои време за обновување на себеси. Сè зависи од тебе. Можеш да се обновиш преку релаксација, а можеш и тотално да изгориш претерувајќи со сè. Можеш да си угодуваш себеси ментално и духовно. Или можеш да живееш без да водиш сметка за она што е најдобро за себе. Можеш да доживееш витална енергија. Или можеш да ја одолговлечуваш грижата за физичкото и пропуштиш благодетите од доброто здравје и вежбањето. Можеш да се ревитализираш и да се соочиш со новиот ден во мир и хармонија. Или можеш да се разбудиш наутро полн со незаинтересираност, бидејќи ти се смачило од твоето секојдневие. Само запомни дека секој ден ти носи нова можност за обновување – нова можност за полнење на батериите наместо да удираш со главата во ѕид. Сè што треба е желба, знаење и вештина.
Одвој време од продукцијата за градење на капацитет за продукција преку лично обновување на физичките, менталните, социјални/емоционални и духовни димензии. Одржувај баланс помеѓу овие димензии.
Книгата на Стивен Кови, Седумте навики на високо ефективните личности, е најмногу продавана книга заради едноставната причина што таа ги игнорира трендовите и поп-психологијата за докажани принципи на праведност, интегритет, искреност и човечко достоинство.

ПРЕЗЕМЕНО ОД: www.stephencovey.com и од: www.quickmba.com/mgmt/7hab