Афирмација преку социјалните медиуми

Широката употреба на социјалните медиуми како Facebook, YouTube, Twitter, Instagram,  ни воведе нови комплексности во легалната и етичката средина на високото образование. Социјалните комуникации традиционално се сметаат за приватни, но колку повеќе информации се изложуваат на јавноста, толку повеќе претстава се добива за однесувањето на луѓето, како тие размислуваат, и каков е нивниот карактер.  Ако користите некоја социјална мрежа, сигурно сте имале моменти, кога некој друг објавува (постира) нешто и вие за тоа да се чуствувате лошо. Пријатели споделуваат слики од одмор, информации за нивната работа од соништата и сл. Социјалните медиуми им даваат можност на луѓето да ги изложат своите „совршени“ животи, преку селекција на среќни и интересни работи за споделување, и скривање на тие стресни и лоши моменти, кои секако се реалност, како никогаш да не се случиле. Луѓето користат социјални медиуми за многу причини, и претставување на т.н. „совршен“ живот е една од нив. Јас ќе се задржам токму на ова.

facebook3

Преголемо трошење на време на социјалните медиуми, како што спомнав погоре, не прави да се чуствуваме лошо за нашиот живот, бидејќи не е „совршен“ како на другите. Се чустуваме тажни, неадекватни, анксиозни, но не сме само ние. Со експоненцијалниот пораст на социјалните медиуми, многу често е да имаме вакви чуства за себе, кога гледаме активности на другите низ медиумите, па како да се справиме со ова?

Исклучете ги медиумите на одредено време: Не морате да го гледате секој пост на сите медиуми цело време. Земете одмор. Планирајте посета на медиумите еднаш дневно и не мислете на нив во остатокот на времето. Воведете правило да не користите телефон на маса, додека јадете.

Внимавајте што читате на мрежите. Кога веќе трошите време на мрежите, запазете тоа што го читате да биде добро, реално, информативно. Претплатете се на информативни и научни сајтови, каде луѓето низ целиот свет пренесуваат стории од реалниот живот, нивни искуства и патешествија. Една таква страна е TED која има над 1900 разговори и најразлични теми за задоволување на нашата љубопитност на секое поле. Следете луѓе кои пишуваат статуси (твитови)  за реалниот живот, кои не ги „мачкаат“ со убави нереални слики најдени од Google Images, и кои пишуваат статуси како нивниот живот е најубав, или како дошле до слава, пари, образование со 1 чекор.

Инспирирајте се: Поставете цели  за себе и следете ги. Не се споредувајте со другите и нивните „совршени“ животи, туку со себе. Потрудете се да се надоградите себе си со убави и квалитетни книги, посетувајте страници со бесплатни курсеви, дружете се со луѓе кои цели и вредности се повисоки од само тоа да имаат илјадници следбеници заради иронични статуси.

Вмрежете се: Гледајте да ги искористите социјалните мрежи во ваша корист. Поврзете се со фан страни на компании, влијателни личности од вашиот сектор на интерес, гледајте ги нивните идеи, и ако ви се логични и доволно добри, присособете ги на себе.

Поврзете се со реалниот свет: Ако сакате да комуницирате со пријатели, наместо да седите на четови, излезете на кафе, на прошетки и водете вистински разговори.

real_life

Социјалните медиуми денес играат главна улога во оформувањето на имиџот на општествено одговорни организации, промоција на нивните општествено одговорни програми и политики, помоција на вредности, морали и цели. Сакале или не, Интернетот е тука за да остане. Луѓето се обврзуваат да постигнат афирмација со постирање слики, статуси, видеа, и немаме контрола над тоа. Но запомнете кога ги гледате објавите на другите, дека и нивната реалност е несомнено е како вашата.

Пишува: Б.В.