Семинар за ефективно учење

„Учењето е како веслање во спротивна насока од течението на реката. Ако престанеш, почнуваш да се враќаш наназад.“ – Франклин Рузвелт

Човек учи додека е жив. Или барем треба да учи и постојано пред себе да си поставува нови предизвици. Додека си на факултет несомнено ќе работиш на оваа сфера бидејќи од тебе ќе се бара да учиш и да покажеш знаење. Затоа, еве некои совети како да учиш за да имаш добри резултати.
• Имај ја целта на ум од почетокот! Здрава доза на амбиција и јасно дефинирани цели можат да ја направат разликата помеѓу успех и неуспех!
• Доброто владеење на помал најважен дел од материјалот носи 80% од успехот. Затоа откриј што му е најважно на професорот, присуствувај на сите предавања, слушај активно и поставувај добри прашања!
• Живеј избалансиран живот! Не занемарувај ги пријателите, физичката кондиција и внатрешниот мир. Клучот на успехот е во негување на сите аспекти!
• Организирај се! За да можеш да постигнеш сè што сакаш, ќе треба да си поставиш приоритети, да си направиш добар распоред и да се придржуваш до него.
• Здружи се со луѓе со слични интереси и биди подготвен и ти да помагаш!
• Повторувањето навистина е мајка на знаењето!
• Добро информирај се за испитот!
• Учи само колку што можеш! После 6-8 часа опаѓа продуктивноста и добро е да се направи подолга пауза исполнета со забава и релаксација.
• Прекините како ѕвонење на мобилниот ја намалуваат концентрацијата при учењето, а планираните паузи ја зголемуваат.
• Посети го нашиот семинар за ефективно учење!
• И никогаш, никогаш, никогаш не се откажувај!!!

Со правилните 20% вложен труд се добвиваат 80% од резултатите! Овој семинар е инспириран од книгата „Како да имаш подобри оцени, а повеќе да се забавуваш“ од Стив Даглас. Исто, црпи доста принципи од светскиот бестселер „Седумте навики на најефективните луѓе“ од Стивен Кови и други студии спроведени во светот. Проткаена со хумор, содржината на семинарот е практична и применлива, особено за денешниот систем на студии. Некои од содржините се поставување приоритети, организирање на времето според продуктивноста, докажани техники на учење и стратегии за меморирање, методи за читање, начин на фаќање забелешки од предавањата, подготвување за испит и справување со чувството на немир и страв поради испит.