Што Божиќ навистина значи

Ајде да славиме секој ден, не само на Божиќ и на Велигден. Раѓањето на Исус означува многу повеќе од што можеме да замислиме: слобода, вечност, мир, надеж, благодат, безусловна љубов. Во Библијата пишува: “Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.” (Римјаните 8:2). Бог вели во Светото Писмо да не се грижиме за ништо (1 Петрово 5:7), да се љубиме еден со друг (1 Јованово 4:11), да не се плашиме (Изреки 29:25).
Но, ние и понатака грешиме и ќе продолжиме да грешиме нели? Тогаш зошто да се надеваме на Бог кога знаеме дека не можеме да не се плашиме? Бог ни го дал Светиот Дух во нас за да не води во сите предизвици. Бог ни го дал Својот Син за да го исполни претскажаното и преку Него да имаме вечен живот. Познавајќи ја таа љубов, дека со ништо не сме заслужиле Исус да дојде на земјата, Бог има моќ да нé менува. Имаме и слободна волја и таа може да означува дека ние не го прифаќаме ова, но тоа не прави Исус да не постои. Тој не е само обичен човек, бидејќи обичен човек не може да оди по вода, да излече слепи. За обичен човек луѓето не го даваат својот живот. Да ја славиме Божјата милост засекогаш, да се љубиме еден со друг и да веруваме дури и во најтешките моменти. Ова е многу лесно да се каже, но само малкумина ќе се трудат да го следат Бог и да му предадат се. Но, зошто да се противиме на Оној кој нé створил и го сака најдоброто за нас?

Пишува: Татјана Танчевска, студент на филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.