Исусовото раѓање било претскажано

Многу векови пред Исус да се роди Библијата претскажала неверојатни детали за Неговото раѓање, живот, смрт и воскресение. Стариот Завет (делот од Бибијата напишан пред Исусовото раѓање) бил завршен 4 века пред Исус. Голем број пророштва биле напишани во зачудувачки детали од повеќе луѓе низ овие книги. Исполнетите прорштва се силен аргумент за Боговдахновеноста на Библијата иВ го оправдува нејзиното тврдење дека е Божји Збор.

Постојат стотици вакви Месијански пророштва (кои се однесуваат на Исус Месијата). Според пресметките на професорот по математика Д-р Питер Стонер, шансите една личност да исполни 8 од овие пророштва се 1 од 100,000,000,000,000,000. А пак една личност да исполни 48 од овие пророштва, бројот станува огромен, шансите се 1 од 10 на 157ми степен ( единица со 157 нули после неа ). Сега ќе наведеме неколку од тие пророштва кои се директно поврзани со Христовото раѓање.

 
1. Исус ќе биде натприродно роден од девица
31118_000_049_03
„Затоа, Господ самиот ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел!“ (Исаија 7:14, Библијата)

Името „Емануел“ на еврејски (Еману-Ел) значи „Бог со нас“, „Бог меѓу нас“. Исус беше токму тоа, Бог кој се отелотвори и чекореше меѓу луѓето.
Исус беше роден натприродно од девицата Марија, без посредство на маж. Од каде знаеме дека пророштвото алудира на натприродно зачнување, а не на обично зачнување на девица. Доколку беше второто, тогаш тоа би немало смисла да се нарече „Божји знак“ како што вели пророштвото, бидејќи постоеле и ќе постојат многу девици кои зачнувале при однос. Но ако девица зачне натприродно, тоа веќе има смисла да се нарече Божји знак.

 
2. Исус ќе биде роден во Витлеем

„А ти Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.” (Михеј 5:2, Библијата)
two-bethlehems-dm2-for-in-the-article
Витлеем е многу мало село во Јудеја. Тогаш било уште помало, затоа што денес е туристичко место заради Исусовото раѓање таму и затоа пророкот Михеј го нарекува најмалиот меѓу Јудините кнезови (градовите во Јудеја). Која е веројатноста да го погодите на среќа ова село како родно место на Месијата? За да биде пророштвото уште попрецизно, пророкот прецизира дека Владетелот ќе биде роден од Витлеем Ефратов. Што значи тоа Ефратов? Во Израел имало 2 села под името Витлеем. Едниот е Витлеем Ефратов (според човекот Ефрат), а другиот е Витлеем Завулунов (според племето на Завулон) е малку на југ (под Ерусалим, види на мапата десно). Пророкот прецизно предвидел во точно кој Витлеем ќе се роди Исус.
Христовото и само Христовото потекло е од дамнини од вечни времиња и затоа знаеме дека ова пророштво се однесува на Него. Витлеем (на еврејски Бет-лехем) значи „куќа на лебот“. Исус во евангелијата за себе вели „Јас сум лебот на животот…“ и „Јас сум лебот што слезе од небото..“. Лебото од Небото слегол и се вдомил во место наречено Куќа на Лебот – колку совршено го скроил тоа Бог зарем не?

 
3. Патот ќе му биде подготвен од Јован Крстителот

„Глас вика: “Пригответе Му на Господа пат низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата. Нека се издигне секоја долина, нека се спушти секоја гора и бреже. што е нерамно, нека се израмни, стрмнините нека станат рамни. Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види, зашто Господовата уста зборуваше“ (Исаија 40:3-5, Библијата)

Ова гледаме дека се исполнува во Новиот завет преку Јован Крстителот: “Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи: “Покајте се, зашто се приближи царството небесно!” Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: “Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот за Господа, направете ги прави Неговите патеки!” (ев. Матеј 3:1-3, Библијата)

Исто така последниот библиски пророк Малахија ја завршува својата книга со зборовите:
„Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен. Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.” (Малахија 4:5-6, Библијата)

Потоа следи затишје од 4ти век пред големата бура, а потоа ангелот Гаврил му го соопштува раѓањето на Јован Крстител на татко му Захарија велеќи му дека Јован ќе врви пред Господа во Илиевиот дух и сила (ев. Лука 1:13-17, Библијата). Исус исто така рекол за Јован дека е „Илија“ кој требало да дојде пред Него. (ев. Марко 9:13, Библијата)

 
4. Ќе побегне во Египет како дете

„Додека Израел беше дете, Јас го љубев, од Египет Го повикав Својот Син.“ (Осија 11:1, Библијата)

Царод Ирод сакал да го убие Исус затоа што мудреците му кажале дека тоа ќе биде идниот цар. Марија и Јосиф се предупредени во сон, го земаат Исус и бегаат во Ефипет (ев. Матеј 2:14, Библијата)

 
5. Ќе дојде во Галилеја, ќе се прослави како Светлината, ќе биде наречен Син Божји, Силен Бог, Чудесен Советник, ќе поттекнува од Давид..

„во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан – незнабожечката Галилеја. Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееја во мрачна земја, ги осветли силна светлина… Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, (Исаија 9:1-7)

И така натаму. Доколку сакате да прочитате повеќе Библиски пророштва поврзани со раѓањето, животот, смртта и воскресението на Исус, кликнете на следниов линк.

Пишува: Златко Бучкоски