Интерактивни групи за проучување на Библијата

Нашата желба и мисија е студентите да се развиваат во сите четири области: интелектуална, емоционална, духовна и физичка. Духовната област е темел за развој на сите останати. Ако човек доживее бродолом на духовно поле, она што следува е депресија, апатија, безволност и бесмислен живот. Никој не сака да биде во тој тунел.
Македонија гордо се смета за библиска земја со околу 65% христијанско население. Повеќето имаат познавање за празниците, обичаите, адетите, но за жал мал е процентот на луѓето кои ја познаваат суштината на верата запишана во Светото Писмо – Библијата. Библијата нуди изобилство на универзални вистини и безвременска мудрост која ако ја примениме во нашите животи ќе ни даде вистинско исполнување, смисла, радост и мир во овој хаотичен свет.

За таа цел Секој Студент организира интерактивни групи за прочување на Библијата. Групите веќе почнаа и се составени од студенти од различни факултети, во опуштена кафе-атмосфера. Сите имаат можност да учествуваат во читање и коментирање на пасуси од Библијата. Правилото е: Повеќе глави се попаметни од една! Започнавме со проучување на евангелието по Јован. Поканети се сите заинтересирани студенти.

„Човекот не ќе живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бог.“
– Исус Христос, ев. Матеј 4:4, Библијата

Новите заинтересираните студенти од Скопје нека повелат во просториите на Секој Студент, во Вторник (7ми Ноември), 18:30 часот. Студентите од другите градови дополнително ќе бидат контактирани откако ќе го пополнат наведениот формулар. Затоа, за подобра организација, потребно е сите заинтересирани студенти го пополнат следниот формулар: