Велигденски студентски прашалник

Доколку сте студент, со пополнување на овој прашалник станувате добитник на книгата „Повеќе од дрводелец“. Подоле има кратки информации за книгата.


 

Информации за книгата:

Наслов: Повеќе од Дрводелец
Наслов на оригиналот: More then a Carpenter
Автор: Џош Мекдауел (Josh McDowell)
Тираж: Продадена е во повеќе од 15 милиони копии.

Џош Мекдауел порано сметал дека христијаните мора да се комплетно улави, ги омаловажувал, полемизирал обидувајќи се да ја разбие нивната вера… Подоцна сепак увидел дека неговите аргументи не држат вода, дека Исус Христос е на вистина Бог во човечко тело.

Затоа станал човек којшто со своите говори на разни колеџи и универзитети им фрла ракавица в лице на скептиците, во чии редови и тој бил вбројуван претходно.

Во „Повеќе од дрводелец“, Џош се посветува на личноста којашто го сменила неговиот живот – на Исус Христос. Ова е книга што ќе им помогне на оние кои се сомневаат во божественоста на Исус, во Неговото воскресение, во Неговите ветувања за нивните животи.

Содржина:
Предговор
1.Зошто Исус е поинаков?
2. Господ, лажго или лудак?
3. Што е со науката?
4. Дали библиските записи се веродостојни?
5. Кој би умрел заради лага
6. Каква корист од мртов месија?
7. Слушна ли што му се случило на Савле?
8. Дали можеш да замолчиш добар човек?
9. Го молам винстинскиот Месија да стане!