Како преку интернет: да најдеш работа, да започнеш бизнис

 

(СЕМИНАРОТ Е САМО ЗА СТУДЕНТИ!)

Целта на семинарот е да им се овозможи на младите студенти да ги видат потенцијалите што им ги нуди интернетот и да им понуди предлог-стратегија за остварување на желбата да работат за странска компанија.

По завршување на семинарот, учесниците ќе знаат што е потребно за успех он-лајн, која е важноста на здравиот карактер во професионалниот успех и ке знаат како технички да го изодат патот од желба до реална шанса за вработување во странство. Дел од техничките работи кои ќе се покријат се: изработка на сопствен блог или вебсајт, истражување на трендовите на пазарот за темата од интерес, користење на социјалните медиуми за промоција, користење на бесплатните алатки кои ги нуди Google.
Агенда на семинарот:

Прв час
Пред да се почне со работа, кои се работите што треба да ги расчистиме, сами пред себе, за кога ќе згусне, да знаеме зошто воопшто сме почнале со идеите и која е опцијата ако се откажеме.
Желба: Што сакаш да работиш, начини да се дојде до јасна дефиниција за твојата он-лајн кариера.
Етика: Ако работиш, работи како за своја душа.
Посветеност: Постави јасни цели и изгради стратегија за остварување на целите
Упорност: Кога ќе згусти, собери сили и продолжи по истиот пат.
Повторување: Кога еднаш ќе ти успее, повтори го рецептот уште еднаш, и уште еднаш итн.

Втор час
Откако ќе се постави карактерната основа на она што сакаме да постигнеме он-јалн (свој бизнис или супер вработување), треба да се изгради стратегија за он-лајн активност која ке вроди со плод за одредено време.
Создаванје на содржини: текст, слики и мултимедиални содржини.
Рекламирање на содржините: форуми, социјални мрежи, коментари на блогови, freelancing сајтови

Трет час
Да се биде успешен во некоја професија треба да се покаже експертиза и карактер. Најдобар начин за младите да покажат експертиза е преку Content маркетинг, односно создавање на квалитетни содржини
Текст: активно водење на блог: Blogger, WordPress, или свој веб сајт.
Слики: изработка на инфо-графици за некоја тема и водење на албум на Picasa,
Видео: изработка на видео материјали и водење на свој канал на Youtube, Vimeo

Четврт час
Создадените материјали мора да се рекламираат за лугето да почнат да ве препознаваат како експерт, или како добар работник
Facebook: отварање на Fan Page наместо користење на личниот профил.
Twitter: Почни со мали чекори, RT И коментари на луѓе кои веке се активни, користење на mass-following, ставање на свои линкови.
Google+ Се користи слично како Twitter, со тоа што може да се ставаат цели статии, но идеално е да се стави Abstract од текстот со Read More линк.
Linkedin: можеби најважната социјална мрежа за професионалци, може да направите свој профил, или група која ке ја рекламирате по Linkedin.
Профили на сајтови како Freelancer, Monster, Linkedin Jobs и редовно проверување на активностите

Петти час: Дискусија

Времетраење: вкупно 4-5 часа со предвидени паузи. Секоја од точките би одзела по 30-45 минути во зависност од реакциите на студентите, со време за дискусија на крајот од предавањето.

Материјали: студентите ке ги добијат PPT презентацијата и кратка брошура во дигитална форма. Доколку има време може да се изработи и работна тетратка која студентите ќе ја користат за време на предавањата.