Божиќна анкета

Доколку сте студент, со пополнување на оваа анкета станувате добитник на божиќниот подарок – книгата „Повеќе од дрводелец“. Подоле има кратки информации за книгата.


 

Информации за книгата:

Наслов: Повеќе од Дрводелец
Наслов на оригиналот: More then a Carpenter
Автор: Џош Мекдауел (Josh McDowell)
Тираж: Продадена е во повеќе од 15 милиони копии.

Авторот Џош Мекдауел порано сметал дека христијаните се комплетно скренати во паметот, ги омаловажувал, полемизирал обидувајќи се да ја разбие нивната вера… Подоцна сепак увидел дека неговите аргументи не држат вода, дека Исус Христос е навистина Бог во човечко тело.
Во „Повеќе од дрводелец“, Џош се посветува на личноста којашто го сменила неговиот живот – Исус Христос. Ова е книга што ќе им помогне на оние кои се сомневаат во божественоста на Исус, во Неговото воскресение, во Неговите ветувања за нивните животи.

Содржина:
Предговор
1.Зошто Исус е поинаков?
2. Господ, лажго или лудак?
3. Што е со науката?
4. Дали библиските записи се веродостојни?
5. Кој би умрел заради лага
6. Каква корист од мртов месија?
7. Слушна ли што му се случило на Савле?
8. Дали можеш да замолчиш добар човек?
9. Го молам винстинскиот Месија да стане!