Совети од Габи за подобро физичко здравје

Неодамна дипломирав на медицинскиот факултет. Мојата радост е неизмерна зашто зад мене се наоѓа едно големо поглевје од мојот живот. Но затоа пред мене стојат нови предизвици и живот кој оди во насока одредена од одлуките кои ги донесов уште додека бев студент. Можам да кажам дека ова е најважниот период од твојот живот . Со запишувањето на факултет се наоѓаш на патот да станеш академски граѓанин и да се изградиш во комплетна личност. Токму затоа од тебе се бара голема пожртвуваност, сериозност и одговорност.

Покрај многуте обврски кои ќе одат во насока на твоето академско изградување , мој совет е да посветиш и големо внимание на добросостојбата на твоето тело. Ќе кажеш дека се нема многу време за тоа, дека поради современиот начин на живеење има се помалку и помалку време за подготвување на здрави оброци. Притоа нашите барања и желби во однос на храната остануваат непроменети. Ќе забележиш во текот на студирањето дека нема да можеш да се сетиш кога последен пат си јадел вкусен домашен оброк, кога последен пат си спиел 8 саати или си имал ден за вежбање и релаксација.

Затоа ти предлагам уште од првиот ден на своите студиски години да инвестираш во своето здравје. Тоа е најдобрата инвестиција која долгорочно ќе ти се исплати . Активниот живот на студентот бара урамнотежена исхрана. Затоа јади овошје и зеленчук , пиј многу вода, спиј 7-8 саати дневно, пешачи до факултет, најди некое хоби кое ќе те исполнува и ќе те одлепи од столчето, смеј се многу и радувај се на секој нов ден. Откриј го својот талент и не се плаши да го употребиш.

Избегнувај ги работите кои не ти носат никакво добро, како долгите седенки, лудите журки, алхохолот, цигарите и долгото седење пред компјутер и телевизор. Знам дека младите луѓе најмногу сакаат да ги прават ваквите работи и дека уживаат во нив, но само да те потсетам дека нема вечно да бидеш млад и со ништо нема да можеш да го вратиш она што ќе го изгубиш за време на студирањето. Тоа е најубавиот период од твојот живот , па затоа инвестирај го правилно и мудро( наместо да го потрошиш).

Сакај го секој ден и тоа сакај го активно.Диши со полни гради и ведар дух. Здравјето е нешто што не се купува со пари, не се заборава и не се научува , затоа одвој време за себеси. Телесната активност во синергија со правилната исхрана е рецепт за чување на доброто здравје, така полесно се соочуваме со стресните ситуации и ги постигаме зацртаните цели.

Дали знаеше дека…

  • Физичката добросостојба во голем степен влијае на расположението, а со тоа и на општата продуктивност на човекот.
  • Колку се грижиме за нашето тело-толку и тоа ќе се грижи за нас.
  • Иако она што излегува од устата на човекот е многу поважно од она што влегува, сепак она што влегува сигурно влијае на она што излегува.
  • Храната треба да остане најмалку 30 секунди во устата пред да се голтне.
  • Додека јадеме не треба да гледаме телевизија (особено вести), пожелно е да јадеме опуштено во друштво, слушајки релаксирачка музика.
  • Пожелно е половина час(или 3×10мин) вежбање дневно, или спорт со среден интензитет. Добро е неделно да се практикуваат дополнителни 1-3 пати спортски активности по 20-60 минути.
  • Депресиите и менталните нарушувања можат да се надминат преку редовно вежбање.
  • Редовно вежбање ја освежува кожата (се добива здрава боја)!
  • Треба да пиеме најмалку два литра вода дневно (невклучувајќи млеко, сок, кафе и чај) да се пијат во текот на целиот ден освен 15-30 мин. Пред јадење до 2 часа по јадење. Водата го плакне и измива нашиот организам и е многу важна.