Социјален / Емоционален

Човекот претставува социјално- емоционално битие . Тој покрај потребата за развој на сопствената интелигенција има и потреба од развој на сопствените социјални и емоционални вештини и способности, како што се вештините за стекнување пријателства, способноста за ефективна комуникација, разбирање на сопствените емоции и емоциите на другите, вештините за разрешување конфликти и така натака.

Новите статистички податоци добиени од многубројните истражувања укажуваат на тоа дека пресудна улога за успехот на еден поединец не е неговата интелигенција ( IQ ), туку токму неговите социјални и емоционални способности. Човекот кој не знае како да оствари интеракција со луѓето околу него, ниту пак ги разбира емоциите на другите , многу тешко успева да опстане во општествено-социјалната средина и да ги освари спосвените цели и замисли.

Преку активностите кои се дел од програмата на „Секој студент“ како што се кафе-дискусиите, дебатите, семинарите за емоционална интелигенција и ефективно учење, како и забавите и студентските викенди , студентите имаат вистинска можност постојано да се надградуваат во овие две области и на тој начин да вложат во развојот и изградувањето на сопствената личност.