Интелектуален

Секоја акција и однесување произлегува од одредена мисла. Како размислуваме за животот така и ќе го живееме. Затоа мора да си го изоструваме умот. Секој ден се соочуваме со огромен број на информации кои доаѓаат кон нас. Кои од нив ќе влезат во нас и ќе влијаат на нас? Кој е нашиот филтер на информациите? Секој човек е под некое влијание. Треба правилно да избереме по кој пат ќе одиме и чие влијание ќе прифатиме. Потребно е активно да размислуваме и да дадеме одговор на познатото филозофско прашање: „Што е навистина добро, убаво и вистинито?“.

 
Еве некои од активностите кои ние ги нудиме за развој во оваа област:
– Семинар за ефективно учење
– Кафе дискусии
– Форуми и дебати на разни теми
– Менторства – еден на еден или во групи. Се прави план за лична изградба и се следи прогресот.
– Летен Англиски камп – Speak Out. Учење англиски јазик преку конверзација со тутори од америка проследено со многу забава и спортски активности.