Личен Развој

Секој студент мора да се изградува како личност, како карактер и како водач. Ова не е опционално! За човекот да има вистинско исполнување и уживање во животот мора секојдневно да работи на својата изградба. Има четири области во кои овој развој треба да се случува. Тоа се како четирите тркала на една кола. Сите тркла мора да се добро избалансирани за да имаме удобно возење. Не може едната гума да биде пукната или издишана и да очекуваме дека возењето ќе ни донесе уживање. Напротив, може да се случи сериозна несреќа поради ова. Така е и во животот – сите четири области мора да бидат избалансирани за да имаме уживање во животот. Затоа секој студент мора да се развива во овие четири области:

Токму поради претходно кажаното нашите активности се насочени кон остварување на целта за личен развој на студентите како идни водачи во општеството. Личниот развој е сериозна работа и бара многу напор и дисциплина меѓутоа нуди и најголемо задоволство и исполнување во животот. Затоа, сите активности кои ние ги правиме се во забавна и позитивна атмосфера!