Тест за интро/екстровертност




Можете да изберете само една од двете опции


1. Преферирам разговор меѓу двајца повеќе отколку разговор или активност во голема група.
Точно.

Неточно.


2. Повеќе сакам да се изразувам себеси со пишување.
Точно.

Неточно.


3. Уживам кога сум сам/а.
Точно.

Неточно.


4. Ми се чини дека се грижам за богатството, статусот и славата помалку од моите врсници.
Точно.

Неточно.


5. Не ги сакам оние мали и безначајни муабети кои си принуден да ги направиш кога ќе се сретнеш со некој. Повеќе сакам долг и исполнет разговор на тема која ми е важна.
Точно.

Неточно.


6. Луѓето често ми велат дека сум добар слушател.
Точно.

Неточно.


7. Не сакам да превземам ризици.
Точно.

Неточно.


8. Уживам да работам нешто што бара целосно да ѝ се препуштам на работата без многу прекинувања.
Точно.

Неточно.


9. Не сакам да кревам многу прашина околу моите родендени, и сакам да ги славам само со најблиските пријатели или членови на моето семејство.
Точно.

Неточно.


10. Луѓето ме опишуваат како некој кој зборува тивко, меко и внимателно.
Точно.

Неточно.


11. Не сакам да ја покажувам мојата работа или да дискутирам за истата со другите додека не е завршена.
Точно.

Неточно.


12. Не сакам конфликти.
Точно.

Неточно.


13. Најдобро работам сам/а.
Точно.

Неточно.


14. Размислувам пред да зборувам.
Точно.

Неточно.


15. Се чувствувам навистина исцрпено по некоја социјална средба, дури и тогаш кога сум уживал/а.
Точно.

Неточно.


16. Често одбегнувам да ја кренам слушалката кога ѕвони телефонот.
Точно.

Неточно.


17. Кога би можел/а да одберам, би одбрал/а викенд во кој немам апсолутно никакви обврски отколку викенд во кој имам премногу обврски и закажани состаноци.
Точно.

Неточно.


18. Не сакам мултитаскинг.
Точно.

Неточно.


19. Лесно можам да се сконцентрирам на нешто.
Точно.

Неточно.


20. Преферирам лекции наспроти семинарски предавања.
Точно.

Неточно.








Тест прашањата се превземени од: Ели Радеска www.kafepauza.mk