Ефективно Учење

Оваа година семинарот за ефективно учење ќе се одржи на 10 ноември (сабота),
во просториите на Секој Студент (види мапа). Семинарот ќе започне во 11 часот.

Семинарот е БЕСПЛАТЕН за студентите!

 

Локација (Мапа):

mapa

 

Како студент, академскиот аспект од твојот живот ти е многу значаен. Не ја заборавај главната причина заради која се запиша на факултет: Да студираш, да се оспособиш и изградиш во насоката која ја одбра и да дипломираш! Попратно ќе имаш и многу други активности од социјален и забавен карактер, но не дозволувај тие да те дефокусираат од главната цел на твоето студирање.

Веројатно ќе се изненадиш кога ќе видиш како многу студенти се затвараат во карантин речиси пред секоја сесија, учат по 25 часа дневно, го ризикуваат своето психо-физичко здравје, социјален, емотивен и духовен живот и сепак некои од нив не постигнуваат резултати како оние кои избалансирано студираат и како да имаат време за се: и за учење и за дружење и за спорт, па дури и за хоби.
Како е тоа можно? Некој ќе рече: „Талентирани дечки, супер интелигентни“. Можеби, но не е се до интелигенцијата.
Дали знаеш дека со правилните 20% вложен труд се добиваат 80% од резултатите?

Секој Студент на студентите им нуди еден практичен СЕМИНАР ЗА ЕФЕКТИВНО УЧЕЊЕ еднаш или два пати годишно (во зависност од интересот на студентите).

Овој семинар, составен од Урс Вулф, професор на Швајцарскиот Универзитет Базел, е инспириран од книгата „Како да имаш подобри оцени а повеќе да се забавуваш“ од Стив Даглас. Исто црпи доста приципи од светскиот бестселер… „Седумте навики на најефективните луѓе“ од Стивен Кови и други студии спроведувани по светот.

Содржината на семинарот е проткаена со хумор и е доста практична и применлива, особено за денешниот систем на студии. Ова се некои од содржините: поставување на приоритети и организирање на времето според тоа кога сме најпродуктивни, докажани техники на учење и стратегии за меморирање, методот за читање „SARGE“, лесен и организиран начин на фаќање белешки од предавањата, успешно подготвување за испит и справување со загриженоста пред испит.

Сакаш иднина со успех?
Сакаш да го постигнеш својот максимум?

Повелете на овој семинар посетен од повеќе од 20 000 студенти од разни земји во светот.

Семинарот е бесплатен!

Датум: Сабота, 10 Ноември 2012
Време: 11-16ч.
Место: просториите на Секој Студент (види на мапата)

seminar