Истражување на Бибилијата

Нудиме истражувања на Библијата во помали групи за дискусија. Целта е да се разбере нејзината основна порака и да се согледаат принципите на кои се темели здрава личност и водач, како и тоа што значи да се живее исполнет живот. Поентата е дека секој водач мора да има смисла и надеж во животот! Кој би сакал да следи слеп водач кој не гледа смисла и надеж во животот? Кој сака да следи водач кој нема внатрешен мир и исполнување и кој постојано е незадоволен?

 
Библијата нуди изобилство на универзални вистини и принципи кои ако ги примениме во нашите животи ќе ни дадат вистинско исполнување и ќе не направат подобри луѓе и водачи. Нема подобра средина за учење од една динамична група за дискусија составена од студенти од различни факултети и различни градови, каде има слобода за искажување на сопственото мислење по важни животни прашања, но исто така каде секој е предизвикан да си ги преиспитува сопствените гледишта и принципи.