Волонтеризам

Волонтирањето е работно искуство при кое ние го донираме нашето време, знаење и искуство на одредена организација , фирма, компанија, здружение на граѓани, владина институција итн.

Дури и во случаи кога веќе имаме неколку години платено работно искуство, или променето повеќе работни места, дури и тогаш треба да го споменеме нашето претходно волентерско искуство. Дури и тогаш треба да продолжиме да волонтираме.

Поентата на волонтирањето е следна: јас вложувам свое време, но добивам драгоцено искуство кое ќе ми помогне да се вработам или да најдам работа.

Волонтирањето е животна филозофија, начин на мислење и однесување на младите и возрасните. Никој не треба да се срами од волонтирањето. Токму нашите родители се гордеат на старите времиња „кога ја граделе Југославија “ на работните акции. Тоа е тоа. Тоа е волонтирање. Но и тогаш сите не одеа на работни акции( освен ако немало директива). За да се биде волонтер важно е да се сака да се научи нешто што не би го знаеле доколку не волонтираме.

Најдобро време за волонтирање се средношколските и студентски денови. Тоа е подобро од седењето дома. Тоа е наша одлука дали ќе го ивестираме нашето време во нешто што кога ќе бараме вработување може да ни донесе предност пред другите.

Работодавците ги ценат и високиот просек на оценки, но многу повеќе го ценат практичното искуство што го има одреден средношколец или факултетски образована млада личност. И во случаите кога се бара вработен без работно искуство, секогаш е предност да се види дека кандидатот е личност која инвестирала во своето знаење.

Еве неколку начини како се толкува волонтирањето од оние кои одлучуваат дали да не повикаат на интервју:

  • оние кои волонтираат се личности кои сакаат да учат,
  • тие се се личности кои работат со љубов, воља, интерес,
  • за нив платата не е најважна работа,
  • оние кои волонтираат се личности кои се свесни дека е подобро да имаш искуство отколку само образование,
  • тие инвестираат во себе и во својата иднина.

Затоа, совет: доколку не сте волонтирале до сега, да го направите тоа во наредниот период, а доколку веќе волонтирате, продолжете да барате нови задолженија и искуства.

Затоа е и битно да ги споменете работите што сте ги научиле за време на волонтирањето. Стекнатите знаења и способности можат да бидат, на пример:

  • одлични комуникациски и дебатни способности,
  • тимска работа и водење на тим,
  • управување со време и кратки рокови,
  • буџетирање и финансирање на настани,
  • организациски спосоности итн.

Друга многу важна позитивна страна на волонтирањето е можноста да се запознаваат луѓе и организации кои утре можат да ве препорачаат или токму тие самите да ве повикаат да работите за нив. Многу е полесно доколку веќе некого знаете во фирмата или организацијата во која конкурирате бидејќи може токму тој или таа да ве преорачаат кај директорот во случај да има потреба од нов вработен.

Волонтерите треба да:

  • да ги поддржуваат сите активности кои ги реализира организацијат,
  • треба јавноста да ја запознаат со активностите кои ги реализира организацијата,
  • треба да информираат за својата организација,
  • треба да креираат и одржуваат добри односи со луѓето( тие се важни за организацијата),
  • треба да собираат средства преку: чланарина, спонзорства и донации, изготвување на посебни активности, изработка на проекти.